Обама-виновните за убиство на цивили во Авганистан ќе одговараат пред законот

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека му наредил на Пентагон да ги вложи сите напори во истрагата за убиството на 16 цивили од страна на еден американски војник во Авганистан.
Говорејќи во Белата куќа, Обама рече дека инцидентот не ги одразува американските вредности и не ја претставуваа американската војска и порача дека виновниците ќе одговараат пред законот.
Според него, инцидентот нема да влијае врз плановите на САД за повлекувањето на војската од Авганистан до 2014 година.