Четворица јеменски војници жртви на бомбашки напад

Јеменските власти соопштија дека најмалку 4 војници загинале при напад со автомобил бомба на контролен пунк во градот Бајда. Додека четворица војници биле повредени.
Нападот е последиот во серијата инциденти на исламските милитанти, кои ги зголемија операциите во земјата, откако претседателот најави дека ќе ја зголеми борбата против приврзаниците на Ал Каеда во Јемен.