Братислава меѓу најбогатите градови во ЕУ

Главниот град на Словачка се најде на петото место на најбогат регион во ЕУ, според БДП по жител, покажуваат псоледните податоци на Евростат. Просечниот БДП по жител во Братсилава изнесува 41 800 евра и земјата бележи скок од четири места во односна 2008 година.
Лондон, Луксембург, Брисел и Хамбург се најдоа пред Братислава на табелата на Евростат. Најсиромашните региони се наоѓаат во Романија, Бугарија и Унгарија.