Загина имам при подметнат пожар во џамија во Белгија

Белгиските власти соопштија дека еден имам загинал при подметнат пожар во џамија во Брисел. Според обвинителството, напаѓачот влегол во џамијата со секира, нож и запалива течност. Имамот се задушил од чадот при обидот да го изгаси пожарот. Властите се уште не успеале да го утврдат идентитетот на напаѓачот, кој рекол дека е муслиман роден во 1978 година.