Додик-конечната одлука за НАТО ќе ја донесе народот

Претседателот на Република Српска Милорад Додик

Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека ставот на босанскиот ентитет кон пристапувањето во НАТО е јасен и конечната одлука за тоа ќе ја донесе народот. Според него, без разлика на оправдувањата на НАТО, Србите се фрустрирани од фактот дека Алијансата бомбардирала не само воени позиции, туку и цивилни.
Доколку народот е против влезот во НАТО, како што рече Додик тогаш сите политичари ќе ја почитуваат нивната волја.