ОМД-Македонија треба што поскоро да добие покана за влез во НАТО

Претседателот на Обединетата Македонска дијаспора Методија Колоски

Претседателот на Обединетата Македонска дијаспора Методија Колоски денеска во Скопје изјави дека Македонија треба да стане членка на НАТО на претстојниот самит на Алијансата во Чикаго, особено по позитивната пресудата на Хашкиот суд на правдата.
Според него, со пресудата Македонија може да постигне повеќе бидејќи расте поддршката за членство на земјатa во Алијансата, во американскиот Конгрес, како и во Канада и парламентите на повеќе европски земји.