Парламентарните избори во Србија ќе се одржат на 6 мај

Српскиот претседател Борис Тадиќ

Српскиот претседател Борис Тадиќ денеска ги закажа парламентарните избори кои ќе се одржат на 6 мај и порача дека тие ќе бидат можност уште еднаш да се афирмира демократијата, а граѓаните да изберат подобра иднина. Околу седум милиони Срби ќе гласаат за канидатите за 250 места во законодавниот дом.
Тоа ќе бидат деветти избори од повторното воспоставување на повеќепартискиот систем во Србија во 1990 година.
Денеска ќе бидат закажани и изборите за органите на локалната самоуправа и за пратеници на Собранието на Војводина.