Иран ги отфрла наводите дека се обидува да ги скрие нуклеарните активности

Сателитска слика на Парчин

Иран ги отфрли наводите дека се обидува да ги скрие нуклеарните активности во воената база Парчин, која се наоѓа во близина на Техеран. Потпаролот на министерството за надворешни работи Рамин Мехманпараст изјави дека нуклеарните траги неможат да бидат избришани.
Нуклеарните инспектори на ОН во минатата недела соопштија дека сателитските слики сугерираат дека во Парачин се вршат неодредени активности, а западните сили се сомневаат дека Иран се обидува да ги скрие доказите.