САД: продолжува трката за претседателски кандидат на рапубликанците

Мит Ромни

Републиканските претседателски кандидати на денешните прелиминарни избори во Алабама и Мисисипи ќе се обидат да ги зголемат нивните шанси да ја претставуваат партијата на ноемвриските избори. Водечкиот кандидат Мит Ромни се надева дека ќе се одвои од неговите конкуренти, особено од Рик Санторум кој се покажа за цврст противник. Алабама и Мисисипи заедно имаат 90 делегати што ќе бидат на партиската конвенција во август на Флорида. За да се добие номинацијата некој кандидат треба да обезбеди 1144 делегати. Ромни засега има 400 делегати.