Во Пакистан убиени петмина милитанти

Пакистанските безбедносни сили соопштија дека ракета истрелана од американско беспилотно летало убила најмалку петмина милитанти во Јужен Вазиристан, регион во близина на границата со Авганистан. Се прецизира дека цел на нападот било едно возило. Јужен Вазиристан е познато засолниште на талибанците и на приврзаници на Ал Каеда.