Марин Ле Пен, претседателски кандидат на француската десница

Марин Ле Пен

Марин Ле Пен, лидерката на крајно десничарската француска партија Народен фронт обезбеди доволно поддршка од локалните партиски раководства за да стане кандидат на претстојните претседателски избори. Ле Пен, според извештаите, ги добила неопходните 500 потписи со што може да учествува на изборите закажани за кон крајот на април. Анкетите покажуваат дека Марин, која му е ќерка на основачот на партијата Жан Мари Ле Пен е на трето место зад кандидатот на социјалистите Франсоа Холанд и актуелниот претседател Никола Саркози.