Еврозоната ќе расправа за вториот пакет помош за Грција

Министрите за финансии од земјите- членки на еврозоната денеска ќе се сретнат во Брисел да разговараат за вториот пакет помош за Грција во износ од 130 милијарди евра, кој и е потребен на земјата да избегне банкрот. Иако Грција го исполни условот со размена на обврзници со приватните кредитори, се уште не се знае дали пакетот за помош ќе биде одобрен.
Министрите е во план да разговараат и за финансиската ситуација на Шпанија.