Бан Ки Мун бара одговор од Асад за мировните предлози

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун го отвори состанокот на Безбедносниот совет со повик кон сирискиот претседател Башар ал Асад да одговори во наредните денови за мировните предлози на организацијата и Арпаската лига. Францускиот министер за надворешни работи Ален Жупе побара на средбата сириските лидери да одговараат пред меѓународните судови за насилството против опозициските демонстранти. Тој ги повика Кина и Русија да ја прифатат резолуцијата на ОН, која го осудува насилството во Сирија.
Рускиот министер за надворешни работи изјави дека неговата земја е загрижена за ситуацијата во Сирија.