Двајца поранешни министри обвинети за убиство во Кипар

Претседателот на Кипар, Деметрис Христофијас

Националното кипарско радио јави дека поранешниот министер за надворешни работи Маркос Кипријану и поранешниот министер за одбрана Костас Папакостас се соочуваат со обвиненија за убиство, поради експлозијата во минатиот јули при која загинаа 13 лица и беше уништена главната енергетска централа на островот.
Тие се обвинети заедно со тројца воени офицери и тројца претставници на пожарникарна служба, бидејќи предизвикале убиство од небреженост и занемарување на службената должност.
Јавноста го прогласи одговорен и претседателот Деметрис Христофијас, кој има имунитет и одбива да поднесе оставка.