Најмалку 6 загинати при вооружен грабеж во Ирак

Најмалку шест лица загинале, а 10 се повредени при грабеж на продавница за накит во Багдад. Властите соопштија дека вооружени лица нападнале најмалку една продавница за накит на еден пазар во шиитска населба во запдниот дел на градот. Меѓу повредените има полицајци, продавачи и случајни минувачи.
Во други два напади на вооружени лица загинале пет полицајци.