Меркел: повлекувањето од Авганистан до 2014 не е сигурно

Германскиот Канцелар Ангела Меркел која е во Авганистан во ненајавена посета на германските војници кај Мазар - и – Шариф изјави дека не е сеуште јасно дали тие ќе се повлечат од земјата до 2014 година. Меркел изјави дека тоа се уште се планира во рамките на НАТО.
Германија сега има околу 4800 војници во Авганистан. Меркел последен пат беше во Авганистан во 2010 година.