Расмусен жали за инцидентот во Авганистан

Генералниот Секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен го изрази своето жалење за убиството на 16 селани што го изврши вчера американскиот војник во Авганистан. Тој вети целосна истрага и натамошна посветеност на НАТО за стабилноста на земјата.
Претходно и американскиот Претседател Барак Обама телефонски му вети на Претседателот Хамид Карзаи истрага за инцидентот.