Кисинџер го нарече Путин - „Патриот“

Средба Кисинџер - Путин во Москва на 20 Јануари 2012

Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер во интервју за Си Ен Ен изјави дека повторно избраниот руски претседател Владимир Путин е „патриот“ и не е анти – западен или анти – американец.
Кисинџер објаснуваше дека Путин е патриот кој доживеал понижување во 90 ти те години и е многу чувствителен кога смета дека станува збор за мешање во внатрешните работи на Русија.
Путин, вели, Кисинџер, смета дека американска тенденција е да се подржува опозицијата во Русија за тој да биде остранет. Хенри Кисинџер верува дека Путин може да биде конструктивен партнер со американците за некои прашања.