Кофи Анан си замина од Сирија без договор за мир

Специјалниот пратеник на Обединетите Нации и Арапската лига за Сирија Кофи Анан синоќа гo напушти Дамаск без да обезбеди договор за ставање крај на насилството во Сирија. По два дена разговори со сирискиот претседател Башар Ал Асад, Анан изјави дека му презентирал „ конкретни предлози “ за да се сопре владининото задушување на востанието во кои според ОН до сега загинале над 8 500 луѓе. Тој додаде дека е свесен оти е е тешко да се стави крај на насилството но сепак е оптимист затоа што речиси секој Сириец со кој што се сретнал сака мир. Асад во саботата во разговорот со Анан изјави дека ќе ги одбива предлозите за политички дијалог, се додека како што ги нарече „ вооружените терористички групи “ се активни во земјата.
Во меѓувреме сириските владини трупи продолжуваат со нападите врз провинцијата Идлиб и останатите засолништа на бунтовниците.