Карзаи ги осуди убиствата на цивилите во Авганистан

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи го осуди убиството на 15 цивили од страна на еден американски војник. Според него, убиствата биле намерни и побара објаснување од НАТО. Инцидентот се случи во селото Алекозаи во покраината Кандахар.
Авганистанското министерство за внатрешни работи соопшти дека е шокирано од инцидентот и дека покренало истрага.