Авганистанското министерство за внатрешни работи го осуди убиството на цивилите

Авганистанското министерство за внатрешни работи го осуди убиството на 15 цивили во покраината Кандахар од страна на еден американски војник. Според соопштението, министерството ќе спроведе целосна истрага за нападот при кој беа повредени и 9 лица.
Се уште се проверува точната бројка на загинатите. Министерот за племенски работи, Асадулах Халид изјави дека 16 лица загинале. Дописникот на агенцијата АТФ кој го посети селото тврди дека видел 16 тела, меѓу кои имало жени и деца.