Полицајците ќе одат со автобус на работа

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска денеска изјави дека се поднесени 28 кривични пријави за насилство против учесниците во инцидентите кои се случија изминативе денови.
Осомничените се претежно млади и од мешан етнички состав. Најмладиот од нив има 11 години. Таа додаде дека при претрес на ученици деновите се откриени синџири, палки и метални предмети.
Јанкуловска изјави дека МВР ги расчисти голем дел од инцидентите, вклучувајќи ги и каменувањето на автобус и оштетувањето на околу 10 автомобили.
Таа додаде дека полицајците добиле наредба при одење на работа да го користат јавниот превоз, со цел превентивно дејствување.