Најмалку 33 членови на Ал Каеда загинале во Јемен

Јеменските власти соопштија дека при воздушни напади загинале најмалку 33 осомничени припадници на Ал Каеда во јужниот дел на земјата. Новинските агенции повикувајќи се на анонимни извори од властите јавуваат дека 27 луѓе загинале а 55 се ранети при синоќешните напади од американски воени авиони јужно од главниот град Сана. Вклученоста на американските воени авиони во нападите се уште не е официјално потврдена.
Во вториот бран воздушни напади кои денеска се одвиваа, загинаа 5 милитанти. Нападите ги извршиле јеменски воени авиони врз милитански засолништа во близина на градот Зинјибар.