Изетбеговиќ - претседавач на Претседателството на БиХ

Функцијата претседавач со Претседателството на БиХ, според правилото на ротација, денеска од Жељко Комшиќ ја презема бошњачкиот член Бакир Изетбеговиќ, кој оваа должност ќе ја извршува во следните осум месеци.
Изетбеговиќ должноста претседател ќе ја извршува првпат од формирањето на новиот состав на Претседателството на БиХ во октомври 2010 година.
Српскиот член на Претседателството на БиХ Небојша Радмановиќ претходно изјави дека Претседателството во изминатите 16 месеци функционирало многу добро, дури и подобро отколку во претходниот период, имајќи предвид дека во новиот состав не се отварале прашања за заштита на ентитетските и националните интереси.