ОБСЕ ги осуди инцидентите во Скопје

Амбасадорот на ОБСЕ Ралф Брет

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Амбасадорот Ралф Брет денеска ги осуди неодамнешните насилни инциденти во Скопје и изрази жалење до повредените и нивните семејства.
Тој изрази верување дека властите целосно ќе ги истражат овие инциденти и оти сторителите ќе бидат брзо приведени и изведени пред лицето на правдата.
„Насилството никогаш не треба да се пренабрегнува, особено во чувствителни мултиетнички средини“ порача Брет повикувајќи ги граѓаните да не ја земаат правдата во свои раце, бидејки актите на одмазда можат само да ја влошат ситуацијата во земјата.