Полска критикува дека Украина не е подготвена за Европското

Стадионот Арена Л'вов во украинскиот град Л'вов.

Шефот на полскиот тим кој е одговорен за подготовки на Полска за Европското фудбалско првенство 2012 ги обвини украинските партнери за неможноста да ги исполнат очекувањата за организирање на првенството. Говорејќи во Барселона, Војчех Фолејевски изјави дека Украина доцни со изградбата на некои стадиони и други објекти и дека е голема веројатноста да имаат тешкотии да сместат стотици илјади фанови.

Шефот на УЕФА, Мишел Платини, пак, е оптимист. Тој изјави дека Полска и Украина ќе бидат прекрасни домаќини на првенството. Европскиот шампионат ќе започне на 8 јуни со натпреварот помеѓу Полска и Грција во Варшава.