Американската амбасада ги осуди инцидентите во автобусите на ЈСП

Американската амбасада во Македонија денеска ги осуди серијата инциденти во автобусите на ЈСП. Во соопштението на амбасадата е наведено дека ги поддржуваат напорите на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска за водење на истрага и спроведување на законски процедури.
Амбасадата ги повика сите засегнати страни да останат смирени и да почекаат фактите за случаите да станат познати, за потоа да се спроведе законски процес.