Европска централна банка ги промени проекциите за растот во еврозоната

Претседателот на Европската централна банка Марио Драги

Европската централна банка ги намали проекциите за економскиот раст во еврозоната за наредната година, а ја зголеми стапката на инфлација. Нејзиниот претседател Марио Драги изјави дека растот на бруто домашниот производ во еврозоната е проектиран на околу 0.3 насто за разлика од минатите години, кога изнесувал околу 0.5 проценти.
Инфлацијата пак оваа година се очекуваше да биде 2.4 проценти, наместо претходните предвидувања од 2 насто.