Рекордно ниво на невработеност во Грција

Стапката на невработеност во Грција забележа рекордно ниво од 21 насто, според денешните статистички податоци. На крајот на минатата година бројот на невработените на годишно ниво се зголемил за 299.862 лица, со што вкупниот број изнесува 1.033.507.
Грчките медиуми објавија дека загрижувачки е фактот што стапката на невработеност меѓу младите на возраст од 15 до 24 години лани достигнала 51,1 отсто.