Путин ќе започне консултации за формирање на новата влада

Новоизбраниот руски претседател Владимир Путин со претседателот во заминување Дмитри Медведев

Новоизбраниот руски претседател Владимир Путин изјави дека планира да започне со консултации за формирање на новата влада. Путин кој денеска се сретна со претседателот во заминување Дмитри Медведев вети дека државата ќе ја води како непратиски лидер.
Путин на изборите во минатата недела го освои третиот мандат во Кремљ и ќе владее до 2018 година.