Филе-дијалогот ќе креира нова динамика меѓу Македонија и ЕУ

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе изјави за МИА дека дијалогот меѓу Македонија и ЕУ ќе креира нова динамика и ќе ја зајакне нивната врска. Приоритетните области во дијалогот ќе бидат реформите во јавната администрација, владеење на правото, зашита на слободата на изразување на медиумите, подобрување на изборниот процес и развојот на пазарната економија. Во однос на европските перспективи на Македонија, Филе повтори дека земјите членки на ЕУ одлучуваат врз основа на едногласност, и дека треба да се задржи моментумот на реформскиот процес кој ја носи земјата поблиску до Европа.
Македонија на 15 март ќе започне неформален суштински дијалог на високо ниво со Европската унија. Тимовите ќе ги предводат премиерот Никола Груевски и еврокомесарот Штефан Филе.