Валери Амос го посети квартот Баба Амр во Хомс

Валери Амос

Претставничката на ОН за хуманитарни прашања Валери Амос вчера на кратко го посетила Баба Амр, разурнатиот кварт на сирискиот град Хомс. Таа таму престојувала еден час, во придружба на претставник на сириската Црвена полумесечина.
Екипите со хуманитарна помош од петокот чекаат да влезат во квартот, а претставниции на Меѓународниот Црвен Крст сооошптија дека поголемиот дел од населението преминале во други квартови на Хомс кои веќе примиле помош.
По посетата на Баба Амр, каде што ги проценувала хуманитарните потреби на населението, Амос не дала изјава за јавноста. Потоа таа обиколила уште неколку квартови на Хомс и отпатувала за Дамаск.