Потврдена смртта на 6 британски војници во Авганистан

Британското министерство за одбрана денеска ќе ги соопшти имињата на шесте британски војници кои беа убиени од страна на Талибанците во југозападен Авганистан. Станува збор за најголема загуба на британските сили во овфаа земја од авионската несреќа во 2006 година. Премиерот Дејвид Камерон изјави дека смртта на војниците обележува „очајно тажен ден за земјата“.
Нападот сигурно ќе ги обнови повиците за забрзување на повлекувањето на меѓународните сили од Авганистан. Повеќе од 9,500 британски војници се очекува да бидат повлечени од оваа земја до крајот на 2014 година.