Анонимус го урнале сајтот на Ватикан

Членови на хакерската група Анонимус соопштија дека го урнале интернет сајтот на Ватикан, кој вчера бил недостапен цело попладне. Во изјавата објавена на сајтот на Анонимус во Италија се вели дека групата го нападнала Ватикан во знак на протест поради погубувањето еретици и палењето книги за време на Инквизицијата и во поново време, сексуалната злоупотреба на деца од страна на свештеници.
Ваквите информации е речиси невозможно да бидат проверени, затоа што оваа група нема дефиниран лидер.