Времето денеска променливо со повремени врнежи

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи претежно од дожд на пониските места, дожд и снег на повисоките, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Температурата ќе се движи од еден до осум степени.
Во Скопје слично време, со температура до осум степени.