Црногорскиот суд одби да ослободи девет поранешни полицајци

Црногорскиот Апелационен суд го отфрли барањето за ослободување на деветмина поранешни полицајци, кои се обвинети за предавање на 70 муслимански бегалци на српските војници во Босна, при што повеќето од нив биле убиени.
Денешната одлука значи дека ќе биде одржано ново судење, но датумот се уште не е определен. Во групата обвинети се наоѓаат поранешни високи офицери и разузнавачи.