Русија ја отфрли можноста за азил на сирискиот претседател

Сирискиот претседател Башар ал Асад

Рускиот премиер Владимир Путин ја отфрли можноста земјата да му даде политички азил на сирискиот претседател Башар ал Асад. Според него, властите не го земаат ни во предвид тоа прашање.
Русија е еден од најголемите снабдувачи со оружје на Сирија, а има и поморска база во земјата. Во минатата недела Путин ги обвини западните сили дека го подгреваат конфликтот со подржувањето на сириската опозиција.