Брејвик обвинет за масакрот во Норвешка

Андрес Брејвик

Норвешките обвинители официјлано го обвинија Андрес Брејвик за терор и убиство. Истражителите соопштија дека Брејвик признал дека извршил бомбашки напад на 22 јули во Осло при кој загинаа 8 лица, а ден подоцна тој застрела 69 лица во кампот на Лабуристичката партија на осторовот Утоја.
Брејвик изјави дека не е виновен за нападите, бидејќи тие биле во самоодбрана и со цел владата да биде казнета за нејзината проимиграциона политика.
Неговото судење треба да започне на 16 април.