Повторно протести против победата на Путин

Протестите во Москва

Локалните власти на Москва соопштија дека издале дозвола за собир на 50 илјади луѓе, кои ќе протестираат против победата на актулениот премиер Владимир Путин на претседателските избори. Протестот ќе се одржи во сабота на централниот плоштад Арбат. Опозициониот лидер Сергеј Удалцов изјави дека тие биле информирани за одлуката.
На протестите во изминатиот понеделник по објавувањето на резултатите од гласањето учествуваа 15 илјади лица.