Кина со критики до САД поради казнените царини

Пристаништето во Шангај

Кина го критикуваше американскиот Конгрес поради одлуката со која се потврдува правото на владата во Вашингтон да воведе повисоки царини за државите кои го субвенционираат извозот во Соединетите држави. Кинескиот министер за трговија Чен Деминг изјави дека Кина нема обврска да ги почитува прописите кои не се во согласност со Светската трговска организација.