ФБИ нуди награда од милион долари за информација за поранешен агент

Логото на ФБИ

ФБИ соопшти дека нуди награда од милион долари за информација за локацијата на поранешниот нивен агент Роберт Левинстон, кој исчезна на иранскиот остров Киш пред пет години. Неговото семејство минатата година објави видео во кое Левинстон бара помош од САД.
Видеото било испратено на мејл во 2010 година, наводно од киднаперите на поранешниот агент, кои не побарале откуп за неговото ослободување.
Левинстон откако отишол во пензија работел како приватен детектив и истражувал случај со шверц на цигари, поради кој заминал за Иран во 2007 година.