Приштина побарала помош од ЕУ за северно Косово

Косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи изјави денеска дека Приштина побарала помош од ЕУ за решавање на проблемот во северниот дел на земјата.
Според него косовските власти очекуваат Унијата да изврши притисок врз Србија, бидејќи северниот дел на земјата, кој главно е населен со Срби, претставува предизвик за Владата, кој може да се реши само со помош на меѓународната заедница.