Полуавтономија на источниот регион на Либија

Племенските лидери и полициските официри во источна Либија се изјаснија за формирање на полуавтономен регион во земјата. Според извештаите, околу 2000 нивни преставници денеска ја донеле декларацијата во градот Бенгази.
Тие повикуваат да се стави крај на маргинализацијата на регионот, која потекнува од владеењето на поранешниот претседател Моамер Гадафи, кој беше соборен пред шест месеци и назначија нов совет кој ќе се грижи за нивните работи. Регионот се простира од градот Сирт до египетската граница.