Протести во Москва против победата на Путин

Протестите во Москва

Илјадници Руси се собраа во центарот на Москва и покрај големото присуство на полицијата во знак на протест против победата на премиерот Владимир Путин на претседателските избори. Демонстрантите и опозициски лидери повикуваат на одржување на нови избори, кои ќе ги заменат вчерашните на кои победи Путин со 64 насто од гласовите.
Десетина демонстранти, според извештаите биле уапсени пред Централната изборна комисија.