Обама-САД секогаш ќе го чува „грбот“ на Израел

Американскиот претседател Барак Обама и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Американскиот претседател Барак Обама на почетокот на средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Вашингтон изјави дека неговата земја секогаш ќе го чува „грбот“ на Израел. Се очекува фокусот на нивните разговори да биде нуклеарната програма на Иран. Нетанјаху изјави дека Израел мора сам да ја контролира својата судбина.
САД и Израел веруваат дека Иран ја користи неговата нуклеарна прогама за да создаде нуклеарно оружје.