Статус кво во разговорите на Авганистан за партнерството со САД

Авганистанските власти соопштија дека се двоумат за продолжување на односите со САД, откако американските сили ќе ја напуштат земјата. Анонимен извор од авганистанското министерство за надворешни работи за новинската агенција Ројтерс изјавил дека разговорите на двете страни се наоѓаат во ќор сокак за договорот за стратегиско партнерство со кој треба да се регулираат билатералните односи по повлекувањето на војската во 2014 година.
Американскиот амбасадор во Кабул призна дека неможе да се постигне договор, што може да влијае на советодавната улога на САД по две години во земјата.