Луначек скептична за Договорот за стабилизација и асоцијација со Косово

Известувачот на Европскиот парламент за Косово Улрике Луначек изрази незадоволство од заклучоците на Советот на министрите, бидејќи тие не гарантираат дека сите земји членки на ЕУ ќе го потпишат Договорот за стабилизација и асоцијација со Косово.
Според Луначек, пет членки на ЕУ се уште на ја признале независноста на Косово и затоа таа не очекува поинаков развој на ситуацијата.