Спротиставени реакции за победата на Путин на претседателските избори

Владимир Путин

Победата на рускиот премиер Владимир Путин на претседателските избори наиде на спротиставени реакции. Лидерите на поранешните советски републики, како и Авганистан, Кина, Венецуела и Сирија го поздравија враќањето на Путин во Кремљин и изразија надеж за зголемување на соработката со Русија.
Но Британија, Франција и Германија изрзаија загриженост за извештаите на странските набљудувачи на изборниот процес во Русија, кои забележале дека владини ресурси биле искористени за да се обезбеди победата на Путин, како и тоа дека немало вистински натпревар меѓу кандидатите.