ИАЕА и натаму загрижена за нуклеарната програма на Иран

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија Јукија Амано

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија Јукија Амано изјави дека кај нуклеарното надзорно тело на ОН се уште има сериозна загриженост дека Иран можеби тајно работи на нуклеарно оружје. Според него, од минатата година Иран за трипати го зголемил месечното збогатување ураниум.
Амано се обрати на средбата на 35 земји членки на агенцијата во Виена, кои го разгледуваа извештајот за Иран по посетата нуклеарните инспектори на исламската република.