МНР-нема валиден аргумент зошто Македонија да не стане членка на НАТО

Премиерот Никола Груевски на средбата со грчкиот колега Лукас Пападимос во Брисел

Министерството за надворешни работи по повод актуелните прашања и последните официјални и работни средби денеска соопшти дека нема валиден аргумент зошто не треба Македонија да стане членка на НАТО, бидејќи се исполнети сите критериуми. Во однос на ЕУ се очекува да биде повторена препораката за почеток на преговорите. Според министерството освен Грција никој нема дилеми за придобивките од членство на Македонија во НАТО и од почетокот на преговорите со Унијата.
Од МНР укажуваат дека Македонија останува посветена во процесот под покровотелство на ОН и е отворена да и овозможи на Грција да биде конструктивна за да се постигне исчекор во спорот со името.